ИТНО да запре убивањето кучиња во ЈП Лана

Сподели

 

По неполна година откако е отворено jавното претпријатие, останаа ветер и магла ветувањата за хуман третман на бездомните кучиња од Струмица, а се по видливи и пострашни доказите дека таму се случува терор врз животните!
 
По бројните сведоштва и докази дури и од вработен персонал, фотографии и снимки, градоначалникот Костадинов и директорката на претпријатието мува не ги лази за си тераат и молчат, а ставот на активистите кои по втор пат ќе протестираат против убивањето на кучиња не ги засега. Кучињата кои пак имаат среќа да преживеат се враќаат на улица во катастрофална состојба, преслаби, болни, траумирани. Официјалните бројки со кои стационарот маневрира не се потврдуваат со доказ. На активистите им е оневозможен влез, подлежат на притисоци и тужби за да молчат. На наше барање за информации од јавен карактер не се одговара конкретно и со доказ за убиените животни ,кои се тие агресивни кучиња, кој ги пријавил и/или проценил дека се такви. Фигурираат некакви си вдомувања а во стационарот не влегува жива душа. Најгрубо и најсурово се крши закон и се убиваат животните, реагираат од Анима мунди.
 
Се обраќаме до Костадинов и директорката да веќе утре стават КАТАНЕЦ на оваа крвава институција додека не се реорганизира комплетно, во целост во соработка со тамошните активисти- оние кои со сопствени средства и ресурси, волонтерски ангажман придонеле за градот, граѓаните , животните! Казна и суспензија на сите инволвирани, оставки на директор, зошто одговорност мора да има!
 
Бараме АХВ да се разбуди од зимски сон и постапи веднаш!
 
Оваа дупка нема да го скрие срамот и одговорноста на сите инволвирани, како што не успеа да ги скрие страдањата и масакрираните тела на убиените кучиња во Струмица!
 
ДАВАМЕ ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА НА ПРОТЕСТОТ на 28.01.во Струмица и ГИ ПОВИКУВАМЕ ГРАЃАНИТЕ НА МАСОВНОСТ! – реагираат од Анима мунди.