Во организација на Националниот демократски институт се оствари виртуелна средба меѓу пратенички од Ерменија и пратенички од Собранието на Република Северна Македонија.
Целта на средбата беше размена на искуства помеѓу пратеничките на овие две држави во делот на правата на жените, жените во политиката и нивната дискриминација, меѓутоа со посебен акцент на функционирањето на Клубот на пратенички.
Активно учество на средбата земаа пратеничките: Лолита Ристова, Љатифе Шиковска и Лидија Петковска кои дадоа краток осврт за функционирањето на Клубот на пратенички, начинот на организацијата на жените во Парламентот, кои законски решенија се иницирани за подобрување на правата на жените, како и предизвиците со кои се соочуваат како жени пратенички.
Како резултат на конструктивната дискусија произлезе заклучок во иднина ова размена на искуства да продолжи понатаму се со цел за зајакнување на положбата на жените во политиката.