Увид во започнувањето на изградбата на булеварот Македонија

Сподели

 

Градоначалничката на Град Скопје со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во градежните работи за започнување со реализација на прва фаза на еден од најтешките, најголемите и најзначајните проекти во Скопје, изградбата на булеварот Македонија кој ќе го реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.
 
Овој булевар има за цел да го растерети сообраќајот во центарот на градот особено на улицата Јордан Мијалков, улицата Павел Шатев, улицата Св. Кирил и Методиј и булеварот Кочо Рацин.
 
Градското раководство започнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар Крушевска Република и улица 11 октомври, втората меѓу булевар Борис Трајковски и булевар Македонија и третата на двата краци на булевар Македонија кон втората фаза од булеварот кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај Лимак.
 
 
 
 
Реализацијата на ваквите сообраќајни решенија е од особено значење за граѓаните на Град Скопје, а значително ќе го намалат сообраќајниот метеж во центарот на градот и ќе го олеснат движењето на граѓаните низ централното градско подрачје.
 
Во првата фаза која се реализира на траса предвидени се и нова велосипедска патека по целата должина како и пешачка зона, а истовремено се реконструира целосно водоводната и канализационата мрежа.