37. ИЗДАНИЕ НА “БРАЌА МАНАКИ”: 10-17 СЕПТЕМВРИ

Сподели

manaki

ИФФК „Браќа Манаки“, во Битола ја објави целосната програма на годинешеното 37. издание на фествалот што ќе се одржи од 10 до 17 септември. Десет различни филмски програми, 150 филмови, од 50 земји во светот, награди за животно дело, годинава, за двајца великани на светската кинематографија, Роби Милер и Џон Сил, 14 врвни кинематограферски остварувања во конкуренција за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300, кои, Благоја Куновски – Доре ги селектираше главно од водечките светски филмски фестивали во Кан, Берлин и Венеција. Тој, годинава како директор на фестивалот рече дека тој ќе биде реализиран, на најдоар можен начин и со позитивна енергија.
-Тоа и’ го должиме на публиката, бидејќи меѓу неа и фстивалот има посебен флуид, а тоа е програмата, таа и гостите се најважниот сегмент на фестивалот. Годинава, ѕвезди се кинематограферите и ние сме горди што имаме дури три врвни светски кинематограферски имиња.
Што се однесува до програмата, во Главната компетиција „Камера 300“ ќе бидат пркажани 14 филмови чиј што избор е направен главно од фестивалите во Кан, Берлин, Венеција, а по еден и од Карлови Вари, Ротердам и Гетеборг.
Притоа видлива е доминацијата на европскиот филм за што алиби имаме во започнатата соработка со МЕДИА, но и натаму остануваме фестивал на светските кинематографери