Граѓаните кои што се затекнати во странство по 12 февруари, а се со стари патни исправи, ќе можат да се вратат во државава со патен лист кој се издава во дипломатско-конзуларните претставништва, информира на денешниот брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Османи кажа дека нема простор за паника кај граѓаните, ДКП-ата ќе работат во повеќе смени, дека се планирани и пунктови за помош на меѓународните аеродроми, додавајќи дека најголем наплив за барања на патни листови има во Германија.
Додека, за граѓаните кои што треба да патуваат надвор, надлежноста е на МВР, изјави министерот Османи.