Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на РС Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 183 возачи.
Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.