Ахмети го најави Бујар Османи за претседателски кандидат на ДУИ

Сподели

 

Лидерот Али Ахмети на прес-конференција објави дека Бујар Османи ќе биде претседателски кандидат на ДУИ.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети имаше јавно обраќање денес во кое го најави, како што рече, најважниот референдум во Македонија – што го сумираше во реченицата „ Кажете НЕ на Русија, ДА на Европа!“

 

 

Ахмети ги повика граѓаните да изберат претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите, односно со двојно мнозинство, според Бадентер.

„Да избереме претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите и со двојно мнозинство од Бадентер. Бујар треба да ја очекува оваа промена која ја баравме и во нашата програма за 2016 и 2020 година. Отворањето на Уставот во случајот за избор на  претседателот ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедството и продолжување на евроинтеграциите“, набележа лидерот на ДУИ во своето обраќање.