Во воведниот говор домаќинот на самитот, кинескиот претседател Си, изјави дека светската економија се подобрува, но дека се соочува со повеќекратни финансиски, трговски и инвестициски предизвици
ХАНГЏОУ (АА) – Кинескиот претседател Си Ѓинпинг официјално го отвори дводневниот самит на најголемите светски економии истакнувајќи дека Г20 треба да усвои нови мерки за создавање импулс на економскиот раст и за да се избегне протекционизмот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Единаесетиот форум Г20 се одржува на источниот кинески град Хангџоу. Си се ракуваше и се фотографираше со лидерите вклучувајќи го и американскиот претседател Барак Обама, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин, по што се упатија во конференциската сала.
Во воведниот говор Си изјави дека светската економија се подобрува, но дека се соочува со повеќекратни финансиски, трговски и инвестициски предизвици.
Како што изјави тој, на Самитот ќе се дискутира за растот поттикнат од иновациите и ефикасното глобално економско и финансиско управување.