БАН КИ-МУН: „Во светот моментално има повеќе раселени лица отколку за време на Втората светска војна”

Сподели

Во своето обраќање на Самитот на Г20 во Кина, Бан истакна дека со хуманитарна катастрофа се соочуваат Сирија, Јемен, Јужен Судан, Либија, Мали и голем број други места

thumbs_b_c_80ad1735df742f59d2d9562476206a85

ХАНГЏОУ (АА) – Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Бан Ки-мун, изјави дека поради судирите во светот моментално има 65 милиони раселени лица, што го надминува бројот на раселени лица од Втората светска војна, јавува Anadolu Agency (AA).

Обраќајќи се на Самитот на Г20 во Кина, Бан истакна дека со хуманитарна катастрофа се соочуваат Сирија, Јемен, Јужен Судан, Либија, Мали и голем број други места.

„Екстремната сиромаштија и продлабочувањето на нееднаквоста меѓу луѓето се предизвици со кои сме соочени. Бројот на раселени лица денес го надминува бројот на лицата раселени кон крајот на Втората светска војна. Тој број ќе расте затоа што судирите продолжуваат. Меѓународната солидарност мора да се позанимава со овие прашања”, порача генералниот секретар на ОН.

Тој ѝ се заблагодари на Кина за организирањето на Самитот кој e воедно и последен на кој Бан присуствува пред примопредавањето на својот мандат кој истекува на 31 декември.