Тошковски: Однесувањето на премиерот Џафери спрема вработените во МВР е недозволиво

Сподели

 

Министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски, го коментираше упадот на премиерот Талат Џафери во Отсекот за управни работи во Тетово.

“Во однос на видеото кое се појави во јавноста, а на кое се гледа како техничкиот премиер Талат Џафери ненајавено упадна во просториите на Отсекот за управни работи Тетово, каде што во моментот овластените службени лица ги извршуваа своите работни задачи би сакал да го истакнам следново:

Како министер за внатрешни работи, а пред се како човек сметам дека секој вработен во МВР заслужува максимална почит, без оглед на неговата позиција во рамки на хиерархијата или било каква припадност и таа почит треба да биде изразена од страна на секого, независно дали е премиер, министер или извршува било каква друга функција, изјави техничкиот министер Тошковски.

Таквото однесување на премиерот спрема вработените, особено спрема една колешка сметам дека е недозволиво, несоодветно и не доликува на човек кој извршува таква функција, а уште повеќе и поради фактот што таа жена според информациите што ги добив е сопруга на човек кој го дал својот живот во извршување на работни задачи, токму како припадник на министерството за внатрешни работи.

Во таа насока сметам дека најмалку што може техничкиот премиер Талат Џафери да направи во овој момент е да се извини за ваквото однесување и во иднина да се воздржи од вакви постапки кои сигурно нема да придонесат за подобрување на работата на институциите.”