Вкупно 1.770.736 граѓани имаат право на глас на вонредните парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември оваа година, соопштија од Државната изборна комисија.
За разлика од претходните парламентарни избори што се одржаа во 2014 година, оваа година има 9.392 гласачи помалку.
Намалување на бројот на гласачи има во првата и во втората изборна единица, односно речиси 8.000 гласачи помалку има во изборните единици во Скопје и во Куманово.
Од ДИК информираа дека избирачкиот список го доставила до сите политички партии на 30 август.
Јавен увид во списокот ќе биде можен од 27 октомври до 16 ноември.