Јакимовски: Moже да се доведеме во ситуација тешко да се состави Влада

Сподели

 

Кандидатот за претседател на државата, Стевчо Јакимовски во гостувањето во емисијата Клан дебата потенцира дека тој не е ничија марионета и дека на претседателските избори не се кандидира за да му прави ќеиф или пак да му смета на Мицкоски. Мојата кандидатурата, рече Јакимовски е продолжение на политичката кариера. Тој очекува да влезе во вториот круг од претседателските избори.

Говорејќи за поранешните претседателски избори, Јакимовски рече дека во минатото имало многу добри кандидати предложени од политичките партии на албанците како што се Имер Селмани и Блерим Река и дека со реторичка битка може да се дојде до добри решенија. Тој очекуваа поддршка од сите етнички заедници на изборите.

Јакимовски смета дека виновни се партиите од албанскиот политички блок и дека е неопходно да се разговара како во иднина ќе се партиципира власта.,, Недозволиво е да се  тепаш во институции, недозволиво е да се зема мито. Имаме практики кои не биле добри и ги иритираат и македонците и албанците”, рече Јакимовски. Тој очекува поголемо учество на албанците во власта за да водат сметка за зголемување на ефикасноста во работењето на администрацијата.

Јакимовски очекува изненадувања на овие избори а решавачка улога според него во составувањето на новата Влада ќе имаат помалите политички партии.

“СДСМ и ВМРО ДПМНЕ треба да размислуваат на кого ќе ги дадат гласовите во вториот изборен круг а не јас“, рече Јакимовски.

Јакимовски вели дека е точно дека има албанофобија која ескалира во последните три години.

Но, Јакимовски смета дека за ова виновни се партиите од албанскиот политички блок и дека е неопходно да се разговара како во иднина ќе се партиципира власта.,, Недозволиво е да се  тепаш во институции, недозволиво е да се зема мито. Имаме практики кои не биле добри и ги иритираат и македонците и албанците”,рече Јакимовски. Тој очекува поголемо учество на албанците во власта за да водат сметка за зголемување на ефикасноста во работењето на администрацијата.