Европската комисија на 13 март 2024 година од 10 до 12 часот организира онлајн инфосесија за тековниот повик за категоријата „Циркулација на европските книжевни дела“, со краен рок за доставување на предлог-проектите до 16 април 2024 година (17:00 часот по средноевропско време).
Повеќе информации за повикот може да најдете на наведените линкови во соопштението: https://kultura.gov.mk/
На инфосесијата може да учествуваат квалификувани потенцијални апликанти од земјите учеснички во програмата Креативна Европа – потпрограма Култура, меѓу кои и од нашата држава.
Повеќе информации за пријавување и учество на онлајн инфосесијата може да најдете на следниов линк:
Дополнително ве известуваме дека потенцијалните апликанти што се во фаза на подготовка на проектни апликации за наведниот повик, може да закажат дополнителни консултации во Одделението за Креативна Европа – потпрограма Култура преку следнава е-адреса: biljana.prentoska@ced.mk