КОНКУРС за истражувачки стории за антикорупцијата и владеење на правото

Сподели

 

Транспаренси Интернешнл – Македонија во рамки на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија објавува:

КОНКУРС за изработка на истражувачки стории од областа на антикорупцијата и владеење на правото


Со овој конкурс ги покануваме граѓанските организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи да изразат интерес за подготовка на истражувачки стории од областа на корупцијата и владеење на правото. Со овие стории се цели кон отварање на теми кои ќе водат кон поддршка во борбата против корупцијата и во подобрување на политиките за антикорупција и владеење на правото преку анализи на состојбите и укажување на конкретните слабости.

 

Комплетните пријави треба да се достават на: job@transparency.mk најдоцна до 15 март 2024 година.

Детали за повикот можете да најдете на следниот линк: https://transparency.mk/2024/02/14/konkurs-za-izrabotka-na-istrazhuvachki-storii-od-oblasta-na-antikorupczi%d1%98ata-i-vladee%d1%9ae-na-pravoto/.