Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска, и проф. д-р Елизабета Бандиловска, член на Советот за македонски јазик, денес, понеделник (18.3.2024 г.) во 11:00 часот ќе направат увид во проектот за реконструкција и адаптација на објектот на старото училиште „Димитар Влахов“ во преспанското село Љубојно.
Старото училиште „Димитар Влахов“, како дел од споменичната целина Љубојно, е во режим на заштита од 2020 година. По неговото автентично обновување, ќе биде „Центар за промоција на македонскиот јазик“.