Ја завршуваме оваа прва и на наше задоволство успешна недела од едукативниот караван на ЈП Лајка!
Во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје го започнавме нашиот едукативен караван со Општина Аеродром во двете основни училишта Љубен Лапе и Лазо Ангеловски каде учевме, дискутиравме и се дружевме со неверојатна бројка од вкупно 320 деца.
Неделата ја завршуваме со Општина Гази Баба, каде другарувавме и низ презентација и отворена дискусија споделувавме знаења и искуства за тоа што подразбира одговорното сопствеништво со 140 деца од основните училишта Дане Крапчев и Крсте Мисирков.
Продолжуваме понатаму со иста цел бидејќи веруваме дека за решавање на проблемот со бездомните кучиња е важно да се влијае на најмладите кои заедно со нас научија како преку одговорното сопствеништво и вдомување на миленик можат да придонесат до намалување на бројот на бездомни кучиња по улиците.