Веќе трет ден по ред, комплексот „Борис Трајковски“ е центарот на сите случувања во Скопје, затоа што во тек е Саемот на мебел 2024 година. Богатата понуда од изложувачите, големиот избор на различни брендови, како и одличните саемски попусти предизвикаа голема заинтересираност кај голем број посетители.
Ретко кој од посетителите останува рамнодушен на широката лепеза на мебел што го нуди секој изложувач, а секако купувачите ја користат и привилегијата за лесно и едноставно купување, благодарение на Комерцијална банка АД Скопје, затоа што секој што ќе го посети Саемот, може да се увери во одличната понуда на кредитни производи и картички на банката.
Исто така, за љубителите на трендовите во дизајнот за уредување, од голема помош се професионалните совети од архитектонското студио Archx, затоа што секој добива стручно мислење, насоки и соодветно решение за својот дом.
Саемот е во тек и ќе се одржува до недела, со работно време од 10:00 до 20:00 часот, а во недела од 10:00 до 17:00 часот. Влезницата чини 150 денари или 250 денари блок влезница за двајца, односно 100 денари за секој нареден член на семејството.
Организаторите на Саемот на мебел посочија дека досега има голема посетеност, но за денеска и за претстојниот викенд очекуваат двојно повеќе посетители и најавуваат поголем метеж пред билетарниците на „Борис Трајковски“.
Затоа, искористете го викендот за посета на Саемот, затоа што нуди голем избор на мебел, поволни цени, совети за уредување и финансиска поддршка и тоа е сѐ што ви е потребно за да го освежите вашиот дом.