На овие претседателски избори кои ќе се одржат на 24-ти април, гласачкото ливче за првпат ќе биде најдолго со седум кандидати кои влегуваат во трката за нов шеф на државата. Вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори.
Актуелниот претседател и кандидат на СДСМ и коалицијата на претстојните претседателски избори Стево Пендаровски ќе биде прв на листата за претседателските избори што се закажани на 24 април. Втора е Гордана Силјановска Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трет е Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Четврти на гласачкото ливче ќе биде Бујар Османи од ДУИ, петта е Билјана Ванковска Цветковска од Левица, шести е Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Европскиот фронт и последен, седми, е Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ.
Прв круг Претседателски избори 2024 – Гласачко ливче
Стево Пендаровски (СДСМ)
Гордана Силјановска Давкова (ВМРО ДПМНЕ и Коалиција)
Стевчо Јакимовски (ГРОМ)
Бујар Османи (ДУИ)
Билјана Ванковска Цветковска (Левица)
Арбен Таравари (Алијанса за Албанците)
Максим Димитриевски (ЗНАМ)
Во меѓувреме подготовките за претседателските избори течат согласно роковникот, вели првиот човек на ДИК Александар Даштевски.
Гласачите од дијаспората ќе гласаат само за Претседател на државата а не и за парламентарните. Пријавени се 2954 гласачи, најмногу во Германија, Словенија, САД и Швајцарија.
-За тие места ќе се организираат избори само за Претседател бидејќи нема доволно пријавени и нема да се организираат Парламентарни избори поради тоа што не е постигната законската норма на освоени гласови колку што осовил најмалку еден пратеник на последните избори,- изјави – Александар Даштевски – Претседател на ДИК.