Денеска во министерството за одбрана, министерката Славјанка Петровска заедно со потпретседателот на компанијата Leonardo S.p.A., Чезаре Кача го потпишаа договорот за набавка на нови осум транспортни хеликоптери од типот AW149 и AW169M за потребите на Армијата на Република Северна Македонија.
Денешниот договор се склучува како резултат на Договорот Влада со Влада помеѓу Република Северна Македонија и Република Италија, кој беше потпишан од страна на министрите за одбрана Славјанка Петровска и Гуидо Кросето.
Со потпишувањето на овој договор покрај набавката на осум хеликоптери кои треба да бидат испорачани во периодот од 2026 година до крајот на 2028 година, вклучен е и пакет за логистичка поддршка односно опрема, резервни делови, тренажер, комплетна обука на летечкиот и техничкиот персонал и изградба на модерен инфраструктурен објект.