Вчерашниот Национален ден на бездомните животни го одбележавме со едукациска работилница во ООУ Војдан Чернодрински во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје преку кој се трудиме да го насочиме вниманието кон сите бездомни животни кои сè уште ги бараат своите домови и одговорното сопствеништво.
Но не само вчера, во текот на оваа недела се дружевме со децата од ООУ Рајко Жинзифов и ООУ Кузман Јосифовски Питу од Општина Кисела Вода, ООУ 26-ти Јули од Општина Шуто Оризари и ООУ Христијан Т. Карпош од Оштина Карпош со повеќе од 200 ученици и научивме дека без разлика дали се напуштени, изгубени или со откажана сопственост, секое од овие животни има своја приказна да раскаже. Тие копнеат по ништо повеќе од топол кревет, полн стомак и допир со љубов.
Да ја прошириме свеста за илјадниците бездомни животни низ целата земја. Да се заложиме за вдомување, одговорно сопствеништво и стерилизација за да помогнеме да се намали бројот на животни кои остануваат без семејства.
Ако сте подготвени да имате крзнен пријател во вашиот живот, размислете за вдомување на куче од ЈП Лајка. Вие не само што ќе го промените неговиот свет, туку и ќе го збогатите вашиот на начини што не сте ги замислиле.
Заедно, да направиме разлика во животите на бездомните животни, апелираат од Лајка.