Со „Жена убиец/Фониса“, во Кинотеката завршува Фестивалот на грчки филм

Сподели

Со проекција на анимираниот краткометражен филм „Поглед од балконот“ на Арис Капланидис и на филмот  „Жена убиец/Фониса“ на Ева Натена, во Кинотеката во Скопје вечер ќе биде затворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм.

Фестивалот е во коорганизација на Амбасадата на Грција во Скопје, Канцеларијата за јавна дипломатија и Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Влезот е бесплатен.

Фестивалот на грчки филм се прикажува и во Битола, при што вечер во киното „Манаки“ ќе биде прикажан краткиот филм „Бјути“ на Танос Либеропулос, а потоа и филмот „Невидлив“ на Димитри Атанитис. Во Битола Фестивалот ќе се затвори утревечер, со проекција на филмовите „Тишината на рибата што умира“ на Василис Кекатос и „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос.