Државен архив на Саемот на книгата со 40 изданија

Сподели

Државниот архив ќе учествува на Саемот на книгата, кој ќе се одржи од 18 до 24 април 2024 г. во „Арена СЦ Борис Трајковски“ претставувајќи ја својата издавачка дејност со околу 40 изданија за историското минато, вклучувајќи монографии и зборници на документи. Изложените изданија ќе се продаваат со намалени цени од 30 отсто од редовните цени, а сите изданија на Државниот архив со истото намалување на цените ќе може да се набават во просториите на Државниот архив -централен дел додека трае Саемот на книгата.

Во рамките на Промотивниот центар на саемот ќе се промовираат три најнови изданија на Државниот архив.

Промоциите ќе се одржат во следните термини:

– 18.4.2024 (четврток) 14.00-14.45 часот – Спомени и материјали за Националноослободителната и антифашистичката војна на македонскиот народ (1942-1945) – проф. д-р Александар Литовски, Гоце Стојановски;

– 19.4.2024 (петок) 12.00-12.45 часот – Книга за меморија Ученици и студенти Евреи од град Скопје (1920 – 1943) – д-р Јасмина Дамјановска, проф. д-р Ленина Жила, проф. д-р Александар Манојловски;

– 20.4.2024 (сабота) 15.00-15.45 часот – Дебарско-охридското септемвриско востание од 1913 година, српски документи – проф. д-р Музафер Бислими.