Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција го повика шефот на државата Стево Пендаровски да го свика Советот за безбедност.
Според Османи, тие заедно со раководството на политичките партии треба да искомуницираат во однос на последиците од војните кои ќе создадат бегалски бран кој може да ја дестабилизира државата.