Струмички театар одбележува 75 години од постоењето

Сподели

Со изложба на театарски фотографии и премиера на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица в петок ќе одбележи 75 години од постоењето.

Како што информираа од Театарот, изложбата на фотографии од Сречко Гунчев е со наслов „75 години НТ Антон Панов“, а постановката на драмата на Стефановски е во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а композитор е Сашко Костов.

Инаку, струмичкиот Народен театар почнал официјално да работи на 1 мај 1949 година, а прва претстава поставена на сцената била „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Димитар Колчаков.

„Скршен април“, групна изложба во Центарот за култура во Прилеп

Во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп утре (19 април) од 19:30 часот ќе биде отворена групната изложба „Скршен април“.

Во рамките на изложбата ќе бидат претставени дела на уметниците Риза Зибери, Марко Вујисиќ и Генц Троли.