Во организација на Државниот архив, утре на 20 април 2024 година, во 15 часот ќе биде промовирано изданието „ДЕБАРСКО – ОХРИДСКОТО СЕПТЕМВРИСКО ВОСТАНИЕ ОД 1913 ГОДИНА Српски документи“ од авторoт Проф. д-р Музафер Бислими. Промотор на изданието ќе биде д-р Никола Митровиќ.
Промоцијата ќе се одржи во Промотивниот центар на „Саемот на книгата“ кој се одржува во „Арена СЦ „Борис Трајковски“ и во чии рамки Државниот архив има штанд преку кој ја претставува издавачката дејност.
Државниот архив ги поканува сите заинтересирани да присуствуваат на промоцијата и на средба со авторите