Утре, среда, на 24 април, со почеток во 20 часот, во ЛАБОРАТОРИУМ, ќе се одржи промоција на поетската книга „Денар на валкан тротоар“, од Јовица Ивановски.
Книгата ќе ја промовира Елизабета Баковска, а песни ќе читаат актерите Петар Арсовски и Емил Рубен.
Јовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на осумнаест книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“(2019).