Министерството за внатрешни работи извести дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР и денеска (среда) ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.