Промоција на книгата „Кривопаланечки староградски песни“

Сподели

На 26 април (петок), со почеток  во 20 часот,  во НУ Центар за култура Крива Паланка ќе биде промовирана книгата „Кривопаланечки староградски песни“, која сведочи за негувањето и зачувувањето на градската музичка традиција.

Автор на првото издание на збирката староградски кривопаланечки песни е младиот Филип Додевски, член на КУЗ „Распеани Паланчани.

Во делото се запишани  вкупно 17  песни со текст и нотен запис во кои се опеани личности и настани од кривопаланечката историја,  минато  и од градскиот живот.

Одала се је Ленка Стевчова, Минеш, минеш, Шавр трава, бучемиш, како и Блазе тебе малој моме за кој е направен видео запис со Александар и Дац, се само дел од запишаните староградските песни познати меѓу кривопаланчани, а кои се пеат со децении.

Издавач на книгата е Општина Крива Паланка, а освртот  за градската традиција и естетска анализа на песните е на д-р Јордан Михајловски, писател, публицист, хроничар  и член на КУЗ „Распеани Паланчани“.

Во чест на промоцијата на првата книга за кривопаланечката староградска песна ќе настапат  КУЗ „Распеани Паланчани“ и КУД „8-ми Отомври“ при НУ Центар за култура.

Овој настан е дел од манифестацијата „Крива Паланка –Град на културата 2024“.