Максим Димитриевски, претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија беше гостин воТема на денот во вестите на Сител телевизија.
Запрашан дали е изненаден од резултатите Димитриевски рече: „Резултатот не е изненадување за мене, но секој глас за мене значи. Јас гледам луѓе, не гледам гласови. Уште повеќе ми значи трендот и поддршката којашто доаѓа во овие тешки моменти од страна на граѓаните, бидејќи сметам дека во јавноста тлееше едно старо правило дека освен два политички субјекти во Македонија не може да се појави трета опција, трет политички субјект. Еве тоа е Движење ЗНАМ – За наша Македонија. Горд сум на секој глас, благодарен сум на сите гласачи и особено благодарен на сите коишто излегоа на изборите и апелирам да излезат уште помасовно на парламентарните избори“.
Во однос на тоа какви се пресметките околу можните пратенички места, Димитриевски рече дека тие не се водат од пресметки и дека им е важна поддршката.
„Сметам, рече тој, дека третата политичка сила којашто сериозно е веќе позиционирана со оваа поддршка треба да добие уште поголема поддршка кај граѓаните, со цел да биде коректор на власта и на опозицијата. Потпишувањето на тој документ за национален консензус, дефинирање на националните црвените линии. ЗНАМ како политички субјект и идна парламентарн партија нема да отстапи од ниту едно свое барање кое е испорачано пред граѓаните“.
Запрашан кои се тие барања, бидејќи се сега многу битни, Димитриевски одговори дека многу пати ги има кажано, дека граѓаните ги знаат. „ Но еве ќе повторам, рече тој, – Јазик, идентитет, континуитет, самобитност, сопствена историја“.
Запрашан дали има остварено комуникација со другите политички субјекти по првиот круг, тојј рече дека добил куртуазни пораки од поединци, луѓе позиционирани во вторите ешалони, а дека тој лично се јавил на противкандидатката со најголем број освоени гласови да и честита на резултатот. Димитриевски потенцира дека ЗНАМ ниту ќе биде политичка партија којашто ќе го спасува ова актуелно раководство на СДСМ од политичкиот потоп, којшто се случува, ниту пак ќе се вклучи во каков било тип на соработка, идна соработка за формирање на било какво мнозинство со нив. Тој притоа додаде: „Еве и екслукзивно да кажам во вашата емисија. ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна коалиција, постизборна коалиција, во којашто ќе партиципира сегашниот и поранешниот владин партнер , а тоа е ДУИ, затоа што сметаме дека таа политичка партија се изгради во континуитет на корупција и потребна е сериозна реформа во истата, за да може едносставно да расчисти со минатото и сето она лошо што го направи во оваа држава. Дополнително ќе разговараме со сите потенцијални сили во делот што значи просперитет, евроинтегративен процес на Македонија во рамките на нашите програмски заложби. Тоа значи реципроцитет, воведување на амандманите во сила од моментот на полноправно членство на Македонија во Европскаата Унија и дополнително, по примерот на Србија и Црна Гора, измена на преговарачката рамка, раздвојување на она што значи историска комисија од самата рамка и сите оние работи што ние ги зборувавме и претставивме пред граѓаните“.
Запрашан дали ова значи дека ќе работите на промена на Уставот, Димитриевски рече дека тој во Куманово веќе функционира со една коалиција од албанскиот блок, тоа се четирите партии, коалицијата Вреди и има добро искуство со нив. Во однос на барањата за промена на процентите, изборот на претседател во собрание, Димитриевски потенцира дека тоа апсолутно отпаѓа и нема да се дискутира воопшто од нивна страна за тоа.
„Доколку се отвори јавна дебата, ќе ја ислушаме, но нашиот став е дефинитвно јасен. Доколку бидеме одбиени од сите потички субјекти кои доаѓаат од моноетничките партии, ставот го имам кажано, да се формира влада со политички партии кои имаат мнозинство, а ќе има отворени места за претставници од албанскиот политички блок“.
Димитриевски како одговор на констатацијата дека Мицковски понудил ненапаѓање меѓу партиите во почетокот на кампањата за парламентарните избори рече:
„Видете јас реков дека ако има некој нешто за да напаѓа партија, која постои три ипол месеци, слободно може да не нападне и да ги извади на маса сите аргументи. Но, јас во ниту во еден момент не можам да премолчам дека ВМРО ДПМНЕ беше власт до 2016 година и го знаеме епилогот на таа власт. Значи, во таа партија е потребно да се соочат со суштински промени исто така. Господинот Мицковски треба да порабти на одделни кадри коишто треба да ги дофилтрира, бидејќи не се филтрирани во целост. Би ја искористил оваа прилика да упатам јасна порака до сите гласачи, поддржувачи и чесни членови на СДСМ дека СДСМ на овие избори, ова аактуелно раководство излезе со аболициони листи, кандидатски листи за пратеници, кои им овозможуват на поединци, коишто направија најголем број на грешки во последите седум години и голем број на коруптивни зделки и дејанија, за кошто ќе се водат во иднина постапки, да се самозаштитат, да се амнестираат и дополнително да обезбедат самите за себе си имунитет. Вистинските, АСНОМ-ски мотивирани социјалдемократи, од ден на ден се повеќе и повеќе се во ЗНАМ, бидејќи таа е партијата којашто ги штити и Крушевските посстулати , но пред се АСНОМ-ските. Верувам дека можеби ќе дојде и момент во иднина, кога се носат стратешки одлуки за државата, реално да се спојат традиционално комитите и партизаните и да ја дефинираат понатаму судбината на Македонија како ќе се движи, а при тоа да не дозволиме никогаш да не бидеме уценувани од никој“.
Запрашан дали ова значи дека остава врата за коалиција со Мицковски, Димитриевски рече дека тоа значи дека остава отворена врата за коалиција со граѓаните. „А какви ќе бидат калкулациите по изборите, тоа ќе зависи од програмите, од она што се програмски определби, стратешкиот и државниот интерес на граѓаните“.
Димитриевски потенцира дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија понудило најквалитетни кадри на кандидатските листи за пратеници.
„Во ИЕ 1, Бобан Карапејовки, професор, заштитник на македонскиот јазик, во ИЕ 2, млади луѓе на чело со Даниел Стојчевски, докажан менаџер на јавно претпријатие во општина Куманво, во ИЕ 3, генерал Павле Арсоски, којшто е еден од јунаците на Шара, докажан патриот, а не само на хартија. Во ИЕ 5, Весна Бендевска, која е проверен кадар, која е заштитник на позициите на граѓаните како претседател на Комсијата за дискриминација и која во суштински моменти кажала не на актуелната власт. Тешко е да се спротивставите сам против своите кога се најсилни. Во ИЕ 4, излегуваме со кандидат којшто доаѓа од стопанството, господин Миле Цеков, за да покаже што знае во однос на противкандидатот Венко Филипче, којшто знаеме како функционираше и како, и во ИЕ 6 доаѓаме со ново име, локален авторитет; Небојша Захариевски. Листи со луѓе, кои имаат изградено авторитет, карактер и добри човечки особини. Луѓе на коишто не им е битно да се членови на парламентот, туку да се вистинската слика на граѓаните во парламентот, а ЗНАМ да биде заштитник на граѓаните секогаш кога е потребно, затоа што знаеме дека ако нема партија која ќе ја котролира власта или опозицијата, граѓаните ќе бидат ставени во подредена позиција, а партиските интереси во прв план.
На прашњето дали има јасно не за ВМРО како што има за СДСМ, Димитриевски одговори: „Ние имаме јасно не за лидершипот на СДСМ, на ова актуелно раковдство. Во однос на ВМРО- ДПМНЕ, ќе видиме. Тоа ќе зависи од моментумот во кој се наоѓа Македонија. За нас како нов политички субјект на прво место е државата, граѓаните, а партијата е на споредно место“.
На крајот од гостувањеато Димитриевски ги повика граѓаните масовно да излезат на парламетнарните избори и да го дадат својот глас за да победи Македонија, да се формира едно стабилно мнозинство во идниот парламент, коешто ќе ја преземе одговорноста сега, Македонија да ја направи самоодржлива, функционална држава и држава во функција на своите граѓани, а не сателит држава којашто ќе ја раководи кој како ќе сака и на кој начин ќе сака.
ЗНАМ, ИЗБОРИ 2024