Велосипедска тура “Експедиција низ срцето на Илинден 2024”

Сподели

 

И оваа година во општина Илинден се одржува велосипедска тура ,,Експедиција низ срцето на Илинден 2024” епизода II, која е во организација на Здружението МТБ Илинден, а со поддршка на Општина Илинден.

На настанот учествуваат над 150 велосипедисти од цела Македонија а стартната позиција, каде присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и им посака успешно возење, беше од пред спортската сала Гоце Делчев во општина Илинден. Со оглед на тоа што овој настан се одржува втора година по ред и има голем интерес кај велосипедистите, поддршката ќе ја има и понатаму од Општина Илинден.

 

 

 

 

Велосипедската тура се вози по асфалтен и земјен пат низ пределот на општина Илинден во должина од околу 45 км. Турата се вози групно со попатни паузи, кај местото наречено Борчиња, манастирот во Дељадровци, манастирот во Бучинци, крстот во Бучинци манастир кај Ајватовци и крајната цел спортската сала Гоце Делчев. Оваа велосипедска тура се класифицира како средно тешка и потребна е претходна физичка подготвеност за да се стигне до целта.

Покрај велосипедската тура ќе се одржи и едукативна работилница за деца поддржана од Вело училишта наменета за децата од основните училишта.

Исто така, настанот е од хуманитарен карактер, со цел поддршка во собирањето средства за лекувањето на Алексеј Анастасовски.