Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

Сподели

 

Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

СДСМ е обединета и силна партија, која издржала и време и невреме, која издржала и добро и лошо и партија која секогаш останала на браникот на татковината.

Активно работиме на терен и се мобилизираме за парламентарните избори. Дел од граѓаните кои решиле да не излезат на изборите очекуваме да гласаат во вториот круг претседателски и на парламентарните избори.

Нема откажување. СДСМ им подава рака и ги повикува сите прогресивни сили на мобизација на 8 мај.

Да не дозволиме државата да застане, да се врати назад во темното режимско минато, во времето на внатрешни конфликти и поделби.

Да не дозволиме некој нов 27 април или 24 декември, масовно прислушување, тефтерчиња, МВРО, да не дозволиме да се вратат пресметки со неистомисленици, закани и уцени, полициски упади во медиуми, затворање на новинари…

Тоа е можно со целосна мобилизација на сите прогресивни сили и глас за СДСМ, Коалицијата за европска иднина и Стево Пендаровски на изборите на 8 мај.

“Во изминативе пет години обединував и помагав секому, еднакво се грижев за сите граѓани. На 8 мај мора да ја донесеме вистинската одлука за сите нас. Одбирајќи ја опцијата 1 добивате гаранција дека Македонија ќе стане европска и просперитетна држава. Кој ќе биде претседател, ќе одлучат мнозинството на граѓани, а не одредена политичка партија.” – Стево Пендаровски.

 

ИЗБОРИ 2024, Стево Пендаровски, СДСМ