Во недела на Градскиот плоштад во Крива Паланка, со почеток во 12 часот, ќе се одржи манифестацијата „ВЕЛИГДЕНСКА ТРАДИЦИЈА“, која е дел од празничната прослава на Велигденските празници и Христовото воскресение.
Традиционално, на манифестацијата ќе бидат изложени најголемите велигденските симболи- црвени и шарени јајца и велигденски декорации од кои ќе бидат избрани најубавите и ќе добијат благодарници .
Велигденските изработки, ќе се продаваат по симболични цени, а собраните средства одат во фондот на кампањата „ Концертен клавир за Крива Палнака“.
Покрај изборот на најубаво велигденско јајце и велигденска декорација, и годинава ќе се одржат традиционалните велигденски игри:
-Натпревар во најцврсто јајце
-Натпревар во носење јајце во лажица и
-Натпрвар во носење балон-во парови
-Сите заинтересирани ќе можат да се пријават за учество на почетокот на самата манифестација.
Заедничката Велигденска прослава и забавните игри носат пријатни изненадувања, особено за најмладите, и упатуваат силна порака за обединување, заедништво и славење на новиот почеток и животот во целата заедница.
Прославата ќе биде збогатена со велигденски концерт на Дејви и бенд, а во духот на традицијата, како и секогаш, од име на Општината и градоначалникот Митовски ќе бидат поделени велигденски јајца на сите присутни.
Општина Крива Паланка и градоначалникот Сашко Митовски ве покануваат во недела , во 12 часот, на Градсиот плоштад, заедно да го прославиме Христовото воскресение и празникот над празниците кој е симбол на верата, љубовта и семејството -Велигден.
Организатор на Велигденската традиција е ЛУ Градски музеј, а годинава се организира во рамките на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.