Луксембург повика на исфрлање на Унгарија од ЕУ

Сподели

„Секој што, како Унгарија, гради огради против бегалците од војната или што ја крши слободата на печатот и независноста на правосудството, треба привремено да биде исклучен од ЕУ”

thumbs_b_c_56ce0ea10aa885151b0b5eca517013a9

БЕРЛИН (АА) – Жан Аселброн, министерот за надворешни работи на Луксембург, вели дека Унгарија би требало привремено или дури и трајно да биде исфрлена од ЕУ поради нејзиниот пристап кон бегалците и кон други прашања, јавува Anadolu Agency (AA).

Аселброн денес даде коментар во германскиот весник „Велт“ (Свет) само неколку дена по самитот на лидерите од 27 земји на ЕУ што ќе се состанат во Братислава за да дискутираат за иднината на општеството. Тој истакна дека ЕУ не смее да го толерира кршењето на своите темелни вредности.

„Секој што, како Унгарија, гради огради против бегалците од војната или што ја крши слободата на печатот и независноста на правосудството, треба привремено да биде исклучен од ЕУ, а доколку е потребно и трајно“, вели Аселброн.

Унгарија, на 2 октомври, под покровителство на Владата ќе одржи референдум на кој бара поддршка за одбивање на каков било иден план на ЕУ за распределба на бегалците меѓу земјите-членки.