Владина делегација положи цвеќе на партизанските гробишта

Сподели

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, заедно со заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, денеска положија свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и им оддадоа почит на хероите кои што учествуваа во антифашистичката борба и на нивните дела.