Илија Прокопиев донираше дела и ја збогати колексцијата на МСУ

Сподели

Трендот реномирани домашни и светски познати уметници да донираат дела на МСУ – Скопје продолжува.

Музејот на современата уметност – Скопје е симбол на солидарноста на некогашно солидарно Скопје, а познатите уметници се свесни за значењето на музејот, па затоа ја збогатуваат вредната колекција.

ИЛИЈА ПРОКОПИЕВ | ILIJA PROKOPIEV Реликвии на заемно разбирање | Relics of mutual understanding | 2015-2023

Серија на асамблажи | А series of assemblages | различни димензии | variable dimensions

Со љубезна дозвола од уметникот и PrivatePrint Studio | Courtesy of the Artist and PrivatePrint Studio

„Реликвии на заемно разбирање“ е инсталација која се состои од серија осум дела асамблажи. Делата се сведоштво за сложените врски што нè поврзуваат, приказните што нè дефинираат и убавината што произлегува од нашата колективна ранливост, нагласувајќи ја заедничката хуманост и меѓусебната поврзаност со постоењето на останатите видови. Оттука, целата инсталација е манифестација на деликатната рамнотежа помеѓу органското и изработеното, метафора за заедничката кршливост, но и цврстината и отпорот во рамките на поширокиот екосистем.