Агушеви во Тирана: Настапија супериорно, во манир на големи светски артисти

Сподели

Пред повеќе години, познатата американска авангардна артистка Лори Андерсон, ке каже: ,,Да зборуваш за музика, тоа е како да играш објаснувајќи архитектура.

Нема соодветни зборови да се опише настапот на Џамбо Агушеви оркестар во Тирана, тоа беше нешто многу, многу посебно.

Агушеви пред да настапат во Тирана, имаа неколку концерти во Германија и авионски стасаа до Скопје, па оттаму, веднаш со автомобили тргнаа за Албанија каде стасаа ноќта пред нивниот овдешен концерт, изјави Ориѓански од КИЦ Тирана.

Нивниот настап беше во организација на македонскиот Културно информативен центар во Тирана, на познатиот тирански фестивал ,,Clouds,, под водство на директорката Едит Пула.

Овој фестивал се одржува секоја година. Овојпат, простор кој се наоѓа во центарот на градот, беше исполнет до последно место со публика. Агушеви настапија супериорно, величенствено убаво, свиреа технички совршено во манир на големи светски артисти, плетејќи мрежа од прекрасни мелодии. Публиката стануваше, играше во транс, дел од нив се качуваа на сцена играјќи заедно со нашите музичари.

После двочасовен фуриозен настап, публиката не сакаше да замине и музичарите се враќаа неколкупати на бис. Веднаш после настапот, Џамбо Агушеви, отпатуваа на концерт во Бугарија.

Македонскиот Културно Информативен Центар во Тирана, најавува уште еден настан. На 23 мај во Тирана ке настапат ДОБРИЛА и ДОРИАН ДУО