Судскиот совет на Република Северна Македонија на 487-та итна нејавна седница одржана на ден 21.05.2024 година расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија и ги донесе следните одлуки:
- ГО ОДЗЕМА имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка;
- ГО ОДОБРИ барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и
- ВРЕМЕНО ГО ОДДАЛЕЧИ од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка.