„Тоска“ во рамките на 52. „Мајски оперски вечери“

Сподели

Во рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“, на 23 мај со почеток во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Тоска“ од Џакомо Пучини.

Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, која е во режија на Огњан Драганов (Бугарија). Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска-Илкова,  а настапуваат и тенорот Никола Китановски, гостинот од Романија Лусијан Петреан, нашиот бас Владимир Саздовски. Во другите улоги се: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.