Таравари: Бранот промени не може да се запре

Сподели

Арбен Таравари, еден од партнерите на Коалицијата „ВЛЕН“ а кој моментално е градоначалник на општина Гостивар, се уште не одлучил дали ќе биде во идната влада како министер.

Тој потврди дека се дел од пишувањата на некои медиуми за поделбата на владините ресори и службените места се точни. Според Таравари, конечниот договор меѓу идните владини партнери, ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно ќе биде објавен денеска или утре.

“Алијансата ќе има двајца министри, вицепремиер за добро владеење и транспарентност и министер за здравство и двајца заменици министри како и двајца државни секретари и тоа заменик министерот за одбрана и заменик министерот за земјоделство. Државен секретар  за здравство и уште еден на кој сега не ми текнува”, изјави Таравару.

Таравари рече дека се уште не се дефинирани имињата на кадрите кои ќе бидат назначени на овие позиции. Запрашан дали ќе биде следниот министер за здравство, тој рече дека не одлучил и се уште размислува дали ќе ја прифати оваа функција. “Не се  исклучена можноста, но не е дефинитивна”.

Таравари ги коментираше и резултатите од прегласувањето и истакна дека тие воделе на 8 мај и сега, како што рече тој, се во големо предност.

“ДУИ може да ги  обжали резултатите, но резултатите се такви. Тоа беше очекувано и сега бранот на промени не може да се запре, па ДУИ мора да го прифати резултатот. Граѓаните сега се ослободени, гласаат малку послободно од порано и посакувам ДУИ да ја прифати оваа реалност. Сега ВЛЕН има еден пратеник повеќе, ДУИ еден помалку“, изјави Таравари.