Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска, во понеделник (27 мај), кафе-книжарница „Буква“, 20 часот
Издавачка куќа: „Чудна шума“, Промотор: Билјана Црвенковска
Стихови ќе интерпретираат: Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска.
Поетско-музички перформанс: „ВИС Тркалезна маса“ (Ана Голејшка Џикова, Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Владимир Лукаш, Toма Димовски, Душан Кировски, Деан Шкартов)
Промоција на поетскиот филм „Додека спиеш“ на српската актерка и поетеса Валентина Бактијаревиќ.
Биљана Стојановска е родена 1984 година. Има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности.
Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“.
Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“).
Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.