Град Скопје го заврши проектот за изградба на новопроектираната улица 4 во населеното место Криви Дол во општина Карпош. Изградбата на улиците 1 и 4 произлезе од потребата ова населено место ефикасно и безбедно да се поврзе со новиот кружен тек помеѓу булевар „8 Септември“ и улица „Скупи“.
Со изградбата на новопроектираната улица во ова населено место, се обезбедува промена на постојниот сообраќаен режим и обезбедување сигурност за сите учесници во сообраќајот, а за жителите се овозможува сигурен и безбеден пристап до нивните домови.
Со оневозможувањето на движење на моторните возила по пешачката и вело патека и диво приклучување на булеварот, се превенира загрозување на безбедноста на пешаците и велосипедистите и се овозможува нивно сигурно движење.