Десет милиони шишиња и лименки се собрани во повратните вендинг машини на „Пакомак“ од нивното поставување во 2021 година, соопштија од Пакомак, којашто е првата компанија за управување, селекција и рециклирање на отпадната амбалажа во државава.
“Благодарение на вашата неверојатна посветеност, собравме 10.000.000 шишиња и лименки во повратните вендинг машини на Пакомак.
Во 2021 година ја поставивме првата повратна вендинг машина со цел да се селектираат пластични шишиња и лименки кои можат повторно да се рециклираат во амбалажа, информираат од Пакомак.
Со рециклирање на ПЕТ шишиња, ја минимизираме употребата на природните ресурси и придонесуваме за поодржлива иднина. Тие се рециклираат во нови шишиња, со што се намалуваат емисиите на CO2 за околу 60%.
Овој процес е во согласност со најновите стандарди за циркуларната економија на ЕУ, промовирајќи ја повторната употреба на материјалите.
Преземете ја ЕкоМак апликацијата на Пакомак на следниот линк – https://qrco.de/bdB0HZ , сите заедно да го намалиме отпадот и помогнеме во креирање на почиста околина за сите нас.
Споделете, инспирирајте ги вашите блиски да рециклираат во повратните вендинг машини на Пакомак и да собираат зелени поени”.