Учество на Државниот Архив на 32.Конвенција на ИКАРУС

Сподели

Во периодот од 5-ти до 7-ми Јуни, 2024 година во Нови Сад, Србија, се одржа 32. Конвенција на Меѓународниот архивски истражувачки центар (ИКАРУС) на тема ,, Помеѓу аналогното и дигиталното”.

Државниот архив, со презентацијата на м-р Елисавета Марковиќ, на тема ,,Третманот на аноксијата во превентивната заштита и конзервација на ретките книги и архивски фондови” (case sudy), активно учествуваше на овој меѓународен архивско истражувачки настан, на кој присуствуваа архивисти, истражувачи, експерти од повеќе држави од регионот и пошироко.

Државниот архив продолжува, со своето посветено делување и следење на новите сознанија во делот на архвската дејност и нивната примена со цел унапредување и подигнување на вниманието за значењето на архивската професија.