Ерменија ја призна државата Палестина, информираа од ерменското Министерството за надворешни работи.
„Република Ерменија се приклучи на резолуциите на Генералното собрание на ОН, кои повикуваат на итен прекин на огнот во Газа. Освен тоа, Република Ерменија е искрено заинтересирана за воспоставување мир и стабилност на Блискиот Исток, за воспоставување на трајно помирување меѓу еврејскиот и палестинскиот народ. На различни меѓународни платформи, ние секогаш се залагавме за мирно и сеопфатно решавање на палестинското прашање и го поддржуваме принципот „две држави“ на израелско-палестинскиот конфликт. Ние сме убедени дека ова е единствениот начин да се осигураме дека Палестинците и Израелците можат да ги остварат своите легитимни аспирации“.
„Врз основа на горенаведеното и потврдувајќи ја својата посветеност на меѓународното право и принципите на еднаквост, суверенитет и мирен соживот на народите, Република Ерменија ја признава државата Палестина“, соопшти МНР на Ерменија.
Досега 147 од 193 членки на Обединетите нации ја признаа Палестина.