Со филмот „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата музичка легенда, гитаристот Карлос Сантана, во киното „Мирно лето“ во Кинотеката отворено е 10. издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Филмот се осврнува на животот на големата ѕвезда, кој од уличен музичар на 14 години стана седумкратен добитник на наградата „Греми“.
До 4 јули проекциите на филмовите ќе започнуваат во 20:15 часот во летното кино, а доколку има врнежи, проекциите ќе бидат префрлувани во киносалата на Кинотеката.