Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика лидерите на ЕУ, кои денеска ќе се состанат во Братислава, без претставник на Велика Британија, да изнесат реален план за Европа кој ќе одразува „загриженост, надеж и желба“, за Алијансата.
Меркел тоа го порача пред денешниот состанок со францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз, истакнувајќи дека безбедноста и просперитетот треба да го заземат централното место на самитот во словачката престолнина.
Германската канцеларка нагласи дека за моменталниот бран на џихадистичко насилство и масовниот прилив на мигранти неопходен е заеднички европски пристап.
Оланд изјави дека целта на самитот е да се усогласи „патна мапа“ за иднината на Европа по Брегзитот, вклучително унапредување на воената моќ, поголемо инвестирање во обновливата енергија, поттик за обука и вработување на младите на континентот.
Самитот во Братислава се одржува со цел ЕУ да даде нова цел за постоење по егзистенцијалната криза предизвикана од шокантната референдумска одлика на Британците да излезат од блокот.