СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ДИЖОН, НАЈМАЛКУ 9 ПОВРЕДЕНИ

Сподели

francija-dizon-eksplozija-na-gas

Силна експлозија одекна во францускиот град Дижон, каде најмалку девет лица се повредени, јавуваат светските медиуми.

Според локалните власти, експлозијата била предизвикана од плин, а француските медиуми пренесуваат дека инцидентот се случил во близина на железничката станица.

Зградата во која се случила експлозијата се урнала, а спасувачките служби се обидуваат да ги извлечат повредените што се наоѓаат под урнатините.