Во кампањата на ЈП Лајка со помош на Модернизам и Ренесанса му даваат видливост на Џони.
Џони е куче кое е најдено на улица уште како младо кутре, сместено во пансион со цел да се вдоми а кај нас дојде за да помине хуман третман па заради одредени околности остана во Лајка.
Џони е прекрасно куче, одлично се согласува со луѓе и други кучиња и обожава да игра со топчиња.
Како и сите наши кучиња така и Џони е кастриран, редовно вакциниран и прочистен од надворешни и внатрешни паразити.
Споделете, за следниот што ќе застане пред неговиот кафез да биде неговиот човек, љубов и дом.
Затоа што животот е поубав со куче!