Поетската збирка ,, Македонствување” од Десанка Николова ќе биде промовирана во НУ Центар за култура во Крива Паланка на 11 јули, четврток , со почеток во 20,00 часот.
„Македонствување“ , како што истакнува авторката, претставува поетски манифест посветен на чување на сѐ што е македонско, македонскиот јазик, македонската култура и традиција, македонскиот идентитет и македонските духовни вредности.
Поетскиот манифест е составен од две стихозбирки – „Грутка во грлото“ и „Мудровезби“, кои претставуваат македонштина исткаена во стихови. Овие дела се 8-ма и 9-та по ред стихозбирка од поетесата Николова.
.Промоцијата на „Македонствување“ е дел од Кривопаланечкото културно лето и манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.