Премиера на претставата „Куќата на духовите“

Сподели

На сцената на Театарот за деца и младинци – Скопје вечер (11 јули) во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Куќата на духовите“, во режија на Деан Дамјановски. Станува збор за хорор-комедија наменета за деца од над 8-годишна возраст, чии автори се Деан Дамјановски и Горјан Милошевски. 

Претставата изобилува со уникатни костими на костимографката  Елена Вангеловска и сценографија на Филип Коруновски. Музиката е на Горан Трифуновски-Пајак. Настапуваат: Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Винета Дамческа Мојаноска, Никола Наковски, Емра Куртишова Стојанова, Симона Спировска и Марија Ѓорѓијовска.